Хаас не планираат да го променат сегашниот бизнис модел со купување на делови од Ферари и правење на шасијата од страна на Далара, се до големата промена на правилата од 2021 година.

Како и сите останати тимотви на гридот и американците имаат договор со Формула 1 до крајот на 2020 година, а потоа треба да се потпишува од ново. Новите сопственици од Либерти Медиа сеуште не се на чисто по кој правец ќе го носат спортот, ќе има ли промени на моторите, ќе се ограничат ли буџетите…

можам да зборувам само за следнит едве години во врска со тоа што ќе се случува затоа што за периодот кој следи потоа немаме договор. следните две години ќе го имаме истиот концепт како и сега.

се обидуваме да превземеме повеќе работи годинава, но не се обидуваме премногу затоа што може да се сопнеме ако станеме премногу алчни. треба да научиме како да ги правиме работите подобро – објасни гунтер .

Италијанскиот тимски шеф сака да ги види новите правила кои може да бидат по вкусот на Хаас, но е свесен дека истите се сеуште далеку од финализирање.

ако има ограничување на буџетите мислам дека имаме подобри шанси да напредуваме. ако добиваме повеќе од распределбата на приходите исто така е многу подобро за нас. тоа се најважните теми за нас во врска со следниот договор затоа што сезонат во 2021 година не почнува на средина од 2020 година туку многу порано. колку порано имаме информации толку подобро ќе почнеме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.