Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека неговиот тим се пожалил на Форс Индија, единсотвено поради желбата за еднаквост.

Откако Сахара Форс Индија се преименува во Рејсинг Поинт Форс Индија пред трката во Белгија, Хаас објаснија дека новиот тим ќе ја добие наградата која ја заработил стариот тим, но беа целосно незадоволни од тоа.

Повеќето тимови се согласија со потегот, но Хаас останува на тоа дека тие се согласиле само поради тоа што тимот бил спасен. Американците дискутираа со шефот на Формула 1, Чејс Кери, за оваа работа и за тоа дека тимот треба да почне да ја добива наградата по третата година како што се правилата.

Жалбата е поради тоа што Рејсинг Поинт Форс Индија се натпреварува со болид кој е дизајниран и конструиран од Сахара Форс Индија. По двете сослушувања се очекува стујардите на ФИА да ја објават одлуката.

Ние бараме еднаквост кај тимовите. Дојдовме во Формула 1 под одредени правила и знаевме што не чека и сето тоа го направивме, за разлика од Форс Индија.

Сега бараме еднаквост или објаснување зошто не е така како што е. Мислам дека сите треба да се третираат исто. Не сакаме ништо повеќе. Дојдовме во спортот со нашата цел и сакаме еднаквост за сите – објасни стаинер.

Запрашан за тајминтог на жалбата тој појасни дека и претходно се обиделе да добијат одговори.

Чекавме и се обидувавме да добиеме одговор. До сега не добивме ништо.

Се обидов да преговарам пред 6 недели и не добив одговор и затоа се одлучивме на жалба. Сакавме да дојдеме до решение но не добивме никаков одговор. Нема никаква причина зошто. Сите сме заедно и работевме многу и ова е последна шанса.

Запрашан за тоа дали ова е крстоносна војна за Џин Хаас тој објасни.

Не би го користел тој збор. Тоа е престрого. Не е фер. Не е крстоносна војна. Тој и Хаас Ф1 ги почитуваа правилата и потоа видовме дека не се исти за сите. Тој не сака повеќе. Само кажува направив како што ми кажавте и односот не е ист за сите – смета гунтер.

Сепак скептиците тврдат дека Хаас користи делови кои се дизајнирани и користени од други екипи, алудирајќи при тоа на големата техничка соработка која ја имаат со италијанците од Ферари.

Нашиот став е докажан и ФИА неколку пати не посети. Сеуште сме отворени доколку некој сака да не прегледа, но Нема да најде ништо. Никогаш не се случило бидејќи сите сакаат да не плашат. Ние им кажуваме слободно дојдете.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.