Гунтер Стаинер, првиот чове на Хаас, верува дека екипата сеуште има шанси да го победи Рено во Формула 1 конструкторскит поредок. Иако екипата минатата недела го загуби спорот пред Судот за жалби на ФИА, а поради дисквалификацијата на Гросжан во Италија, нивните амбиции не се намалени.

Гунтер најавува борба до последната трка иако на два тркачки викенди пред крајот имаат негатива од 30 поени во однос на своите конкуренти.

во средината на проедокот е многу напнато и изедначено. битката е многу интересна и секако дека сакам да сме на врвот на таа битка, но во моментов не сме и фокусирани сме на она што следи. мораме совршено да ги одработиме сите тренинг сесии, квалификации и трки за да бидеме колку што може поблиску до конкуренцијата – изјави Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.