Шефот на Хаас, Гунтер , изјави дека протестот на неговата екипа бил наменет за да добијат одговори во врска со статусот на Форс Индија, а не да ги спречат да се тркаат.

Пред финалната трка од овогодинешниот календар, Хаас вложи протест против Форс ндија тврдејќи дека тие го немаат дизајнирано болидот со кој се тркаат. Стјуардите спроведоа истрага и дојдоа до заклучок дека се е легално кај екипата од Силверстон, иако како Рејсинг Поинт Форс Индија тие се наследници на поранешна Сахара Форс Индија.

Американците имаат рок до Среда да одлучат дали ќе се жалат на одлуката на ФИА, но во меѓувреме, Гунтер појаснува дека немале намера да ги отстранат розевите болиди од гридот.

апсолутно не затоа што сакаме форс индија да се трка, тоа никогаш не беше аша намера, јас немам никаков проблем со нив на патеката – појасни стаинер.

Тој продолжи дека сеуште немал време да го прочита целокупниот извештај на стјуардите заедно со нивната пресуда и тешко дека ќе најде време викендов да го стори тоа. Поради тоа не сака да коментира понатаму за одлуката на стјуардите со оглед на тоа што Хаас имаат и проблем во врска со распределбата на парите од првата колона како дел од вкупниот награден фонд.

да бидам искрен, не ја прочитав целата документација затоа што ми беше донесена пред саботната тренинг сесија.

имаме добар болид и не бев фокусиран толку многу на викендот, тоа е добра страна и во тоа уживам, но протестот е нешто во што не уживам, но е дел од мојата работа.

Форс индија се кнов конструктор и фиа го потврди тоа, но морам детално да го прочитам извештајот и тоа што тој вели.

Италијанскиот шеф на американската екипа е задоволен и поради тоа што со извештајот и пресудата добиле и документи кои дотогаш не им биле познати како на пример комерцијалните договори со ФОМ.

вообичаено е да добиеме повеќе информации и да имаме што да читаме, но исходот е тој. не знам сеуште што точно има, ќе морам да прочитам.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.