Од американски Хаас откриваат дека го промениле фокусот од овогодинешниот болид на оној за 2019 година. Тие ја имаат најдобрата сезона откако влегоа во Формула 1 во 2016 година со силна поддршка на Ферари и мотор со кој се во поени на секоја трка и како резултат на тоа напаѓаат за 4то место.

Во тимот сметаат дека со притискање во развој на болидот за 2018 година нема да може да го задржат чекорот со ривалите, така што Гунтер Стаинер, тимскиот шеф, открива дека ќе се насочат на развој на следниот болид со кој ќе се тркаат догодина.

Одлучивме да се посветиме на следниот болид. Мораме да направиме така затоа што во спротивно ќе заостанеме со развојот. Доколку ја анализрате сегашната средина од поредокот, нема поента да работиме на овој болид затоа што мораме да се грижиме за иднината.

Развојот и деловите кои се веќе подготвени ќе ги донесеме на следните трки. Се работи за ситници, но развојот во моментов во воздушниот тунел се работи за следниот болид – откри Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.