Најмладата Формула 1 екипа на гридот, американски Хаас, нема да учествува на дводневниот по крајот на Унгарското Гранд При следната недела. Вториот сезонски треба да се одржи на Хунгароринг во Вторник и Сред по трката односно на 31 Јули и 1 Август, пред задолжителната летна пауза и затворање на фабриките.

Тимскиот шеф Гунтер Стаинер откри дека ваквата одлука најмногу е донесена поради 5те трки за 6 викенди што било многу исцрпувачки за екипата.

Наместо да тестираме во Унгарија, Хаас ќе го искориси тоа време за да ги анализира прибраните податоци од неордамнешниоте тест на Силверстон за Пирели како и од минатите трки како и од нашиот симулатор. Податоците што нашите возачи успејаа да ги соберат е директно поврзана со нивниот стил на возење, со нашите болиди, а по петте трки во шест недели сметавме дека е најдобро да поминеме некое време во фабриката – појасни италијанецот.

Според пишувањето на motorsport, одлуата била донесена минатиот месец и нема никаква врска со казната и суспензијата која ја заработи Сантино Феручи, тест возачот на екипата. Од вкупно 4те денови сезонски тест, половина мора да ги дработат млади возачи со помалку од 2 Гранд При трки зад себе, а редовните возачи го одработија првиот тест во Барселона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.