Хаас немаат оценка за подобрувањата во Канада

51

По воведување на нов нос, нов под и нови странични крила во Монтреал, тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер вели дека не сака прерано да донесе заклучок околу новите подобрувања.

Тимот значително го промени својот болид за Канадското Гранд При, но сепак си заминаа од трката без ниту еден освоен поен во првенството.

Додека Роман Гросжан возеше долг стинт и заврши од 20 на 11 место, неговиот колега Магнусен ја заврши трката на 13 место, стартувајќи од 11 позиција.

Роман е многу среќен, мислам дека Кевин сака да тестира повеќе на нормална патека, не на специфична како Канада. Но Роман е позитивен околу подобрувањата.

Податоците покажуваат дека подобрувањата функционираат како што треба и не треба да се сомневаме од тоа што ни го пренесоа од аеро департманот. Севкупно, заклучокот е позитивен, но негативно е што не освоивме поени – изјави Стаинер.

Тимскиот шеф ги обвини пневматиците за неосвојувањето на поени, велејќи дека кога Гросжан бил среќен, Магнусен не бил, а кога данецот имал добра форма на суперсофт, французинот се мачел.

Можеме да заклучиме дека болидот е брз, но немавме шанса да го прикажеме потенцијалот. Мислам дека Кевин спомна кога беше на ултрасофт дека се прегревале, додека Роман имаше добро чувство на истите. На суперсофт Кевин беше многу задоволен, а Роман не толку.

Мисалм дека кога стартувате од тие позиции, покрај сите сини знамиња, пневматиците се ладат. Се почнува послабо да функционира и тешко е да се вратите. Тоа ни се случи на нас.

На крајот можам да заклучам дека гледајќи каде завршивме, болидот е брз.

Нема да донесувам пребрзи заклучоци. Би сакал да ги видам болидите на нормална патека, а кога велам нормална, мислам повеќе на таква како следните три трки на календарот, за да добиеме повеќе податоци од возачите бидејќи мислам дека Кевин често знае лесно да се адаптира. Не донесувам заклучок – додаде Стаинер.


Booking.com

Хаас немаат оценка за подобрувањата во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>