Хаас најавуваат големи новини во Канада

77

Следниот викенд американците од Хаас најавија многу новини на нивниот ВФ18 болид во пресрет на Канадското Гранд При. Хаас на одредени трки беа предводници на средината од гридот, но имаа грешки на неколку трки по што се наоѓаат на 7мо место во конструкторскиот поредок со доста пропуштени можности.

Тимот погреши со двајцата возачи при менувањето на гуми во Австралија, низ Баку Гросжан направи глупост, истото му се случи и во Шпанија, а беа целосно неконкурентни и низ бавното Монако.

Се очекува американците да донесат целосно ново предно крило и нов под како и целосно редизајнирани странични крила со кои се мачеа во Монако и веројатно тоа беше најголемиот проблем последниот тркачки викенд.

Јасно е дека целта е да бидеме побрзи. Многу екипи ги донесоа своите новини во Шпанија, но ние се одлучивме за Канада за да добиеме повеќе време затоа што сеуште сме мала екипа и не можеме да реагираме како поголемите – појасни Гунтер Стаинер.


Хаас најавуваат големи новини во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>