Хаас: Клиентите на Мерцедес не треба да се жалат

264

Тимскиот шеф на Хаас Ф1, Гунтер Стаинер, вели дека клиентите на Мерцедес немаат право да се жалат околу подобрувањата на агрегатот на Ферари, земајќи ја во предвид предноста во моќ во која уживаа во изминативе неколку години.

Додека Мерцедес доминираше од воведувањето на В6 турбо-хибридите во 2014 година, Ферари имаа големо заостанување и значително се подобрија во последните две години, додека во 2018 година се смета дека тие се репер.

Тој факт им помогна на нивните клиенти, Хаас и Заубер, да ги подобрат своите позиции во генералниот пласман, додека Хаас во неколку наврати во 2018 година се покажаа како “најдобри од останатите“ позади Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Клиентите на Мерцедес не треба да се жалат бидејќи имаа многу добар мотор во последните четири години. Во првите години од новите правила, доколку немавте агрегат на Мерцедес, немаше да постигнете ништо. Сега Ферари се подобри и сите кои имаат нивен агрегат се критикувани.

“Па вие имате добар мотор“. Да, имаме. Имавте и вие во последните четири години и не ја искористивте таа предност. Што може ние да направиме околу тоа? Јас сум многу среќен. Доколку другите не се среќни, јас не можам да им помогнам – вели Стаинер.

Пред подобрувањата на Ферари да станат очигледни годинава, Хаас веќе беа “под лупа“ од ривалите во однос на нивната блиска техничка соработка со италијанската екипа. По неуспесите на три нови тимови во 2010 година, ХРТ, Вирџин (тогашни Марусија и Манор) и Лотус (тогашен Катерхам), Формула 1 воведе листа на дозволени и недозволени делови од друга екипа, што ја помогна соработката помеѓу Ферари и Хаас, дозволувајќи им на американците да бидат конкуренти од самиот почеток во 2016 година со пониски трошоци.

Тие не беа глупави луѓе (тимовите од 2010). Едноставно, ова е многу тежок спорт. Ние се обидовме на поинаков начин бидејќи правилата го дозволуваат тоа и функционира подобро одколку кај останатите. Ако некој го искористи нашиот бизнис модел, јас немам никаков проблем со тоа.

Сите ја имаат истата слобода и тоа е добро. Ако придонесе кон подобар спорт, јас ќе бидам среќен. Немам проблем со тоа – појасни Стаинер.

Запрашан околу тоа како влијаат коментарите дека нивниот болид е копија на Ферари, возачот Роман Гросжан го истакна следното:

Не насмевнува.  Ние знаеме дека ја имаме таа можност, да користиме суспензија, мотор и менувач од Ферари. Ние немаме ресурси за да ги произведуваме самите, ниту пак сакаме – вели Роман.

Стаинер додава:

Ако помислат да прават нешто нелегално, јас не сакам ниту да размислувам за тоа. Знаеме дека нивните факти се погрешни, така што не сме загрижени воопшто.

Хаас моментално се на петта позиција во генералниот пласман, само 16 поени позади Рено, а годинава досега го имаа и својот најдобар резултат со четвртто место во Австрија. Гросжан кој го постигна резултатот, истакна:

Ако луѓето помислеа дека ќе се бориме за четвртта позиција во пласмано во нашата само 3 сезона, ќе се смеевме, но еве, тука сме.


Хаас: Клиентите на Мерцедес не треба да се жалат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>