Хаас има проблем со резервните делови

68

Хсас ќе донесе многу новини на претстојното Канадско Гранд при, ново предно крило, под, странични крила и многу додатоци, но цената што ја плаќаат за тоа се малкуте резервни делови. Дополнително, следните 7 недели на календарот има 5 трки, така што нема да има многу простор за надградување на залихите.

Од резервните делови со стара спецификација немаме многу. Со сударите во последно време, нивото на залихи од деловите е намалено, а во исто време носиме новини така што се случуваат две работи и на крајот останувме со малку резервни делови.

Во Монако имавме проблеми, моравме да отстраниме некои делови од болидот затоа што бевме претпазливи и не сакавме да ставаме никого на ризик. Знаеме колку потисна сила загубивме поради тоа и многу добро знаеме поради што имавме неконкурентен болид на минатата трка.

Носиме значителни новини, доста значителни. Но, секогаш сум претпазлив со новините и подобрувањата затоа што никогаш болидот магично не се подобрува на средина од сезоната. Болидот не е лош, но мораме константно да го подобруваме и да го развиваме.

Како и се друго и перформансите мора да се подобруваат. Треба да бидеме побрзи, но тоа е долго процес во однос на аеродинамичкио развој, треба структурна анализа и време за производство, така што за тоа треба 6 до 8 недели. Тоа доаѓа со искуството, така што мораме да учиме – смета Гунтер Стаинер, тимскиот шеф.


Хаас има проблем со резервните делови

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>