Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер откри дека тимот има половична шанса за да ја добијат жалбата која се однесува на дисквалификацијата на Роман Гросжан во Италија поради нелегалниот под на неговиот болид. Тој заврши на 6та позиција, но Рено побара преглед на подот на Хаас кој не бил легален, а потоа стујардите го дисквалификуваа Гросжан и Хаас ја обжали одлуката. Сослушувањето за жалбата е во Париз на 1 Ноември.

Имаме 50/50 шанси, работите може да одат во било која насока. Не би рекол дека сигурно ќе победиме бидејќи не се знае што ќе се случи. Немаме контрола врз одлуката, може да објасните се со техничкиот тим и адвокатите и затоа сме тука. Мислам дека тие сватија погрешно. Но јас не сум судија и не одлучувам – смета Стаинер.

Хаас потврдија дека одбраната на тимот се базира на технички аспекти во интерпретацијата на правилата и техничките директиви.

Тие одат едно до едно во овој случај. Тоа е што е. Многу е комплексно. Техничките процедури се следат правилно и секој на свој начин ги чита. Ова е микс од технички правила, интерпретација и информации. Многу е комплексно и можеби не не разбраа кога им објаснивме и не дисквалификуваа. Но се надевам дека судот ќе има разбирање  за тоа што се случи.

Стаинер призна дека е изненаден што друг тим се пожалил по трката, иако имало џентлменски договор такво нешто да не се случи.

Знаевме дека ова може да се случи, и мислам дека не требаше да се чека по крајот на трката. Затоа сум изненаден, но и не сум. Што би правеле доколку бевте Рено. Јас не би го направил истото, би направил тоа што би го правеле другите, но Рено е во позиција да не престаса на 4то место и затоа го направиле тоа.

По тренингот е во ред да се побунат. Не знам како го направија, тоа е нивна работа. Рено прават тоа што им треба. Мислам дека има доста луѓе во тимот што треба да се испрашаат – смета италијанецот.

Во продолжение, тимскиот шеф потврди дека двата болида ќе имаат нови подови во Сингапур.

Имаме целосно нови работи. Тие ги немавме на Монца иако ги планиравме веќе долго време пред да се затворат фабриките. Ова е дел од развојот како надградба. Имаме надградба во текот на годината и момците работат одлична работа и ќе има сеуште. Треба да ги вратиме поените за четврта позиција.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.