Роман Гросжан и Кевин Магнусен од Хаас се задоволни со денешните квалификацации и начинот на кој истите се одвиваат но во исто време се свеси дека во последниот дел можеле и повее и подобро.

Доста интересни квалификации и повторно имаме два болида во К3 што е фантастично за нас и проади тоа денот го оценувам како позитивен – заклучи Гунтер Стаинер, шефот на екипата.

Данецот Магнусен ќе почне од 9то место, во исти ред со својот колега, кој беше најбавен во К3.

Не сум разочаран со 9то и 10то место иако се надевавме на повеќе, доколку преовладуваше сувото време. Но во такви услови тимот заврши одлична работа, беше одлично што останавме мирни, ги користевме правилните гуми и вистинско време.

Многу е лесно да се донесе погрешна одлука по такви услови и има многу притисок на тимот во таква ситуација. Поради тоа морам да ја пофалам екипата – смета Магнусен.

Гросжан е повеќе разочаран и смета дека можел повеќе.

Среќен сум со тоа како ја завршивме работата денеска, но по малку сум разочаран со резултатот во К3. Бев блокиран во Макс во мојот претпоследен круг, а последниот круг бев преблиску до него и видливоста ми беше многу намалена поради што сум разочаран.

Мислам дека денеска бевме мнгоу, многу брзи и во еден момент ако не се лажам бевме на прво и второ место. Болидот е одличен, но дождот се засили и предизвикот стана поголем што не ни одговараше.

Ни престои работа за соодветно да го сетираме болдиот за дожд, не бевме многу конкурентни на мокра патеа, но сметам дека прв пат го возиме болидот на вакви услови. Можеме многу да научиме од ваквите услови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.