Тинскиот шеф на Хаас, Гунтер , откри дека во тимот се оди согласно планот за престојната сезона, но она за што се загрижени се придобивките и напредокот на конкурентите.

Американците ја имаа својата најуспешна сезона во Формула 1 во својата куса историја доаѓајќи до 5то место на крајот од 2018 година со 29 поени заостаток зад Рено кои беа најдобри од останатите. Стаинер откри дека се охрабрени од првичните податоци за новиот болид во воздушниот тунел, особено по промената во аеродинамиката која ќе следи за годинава пред нас.

се е согласно планот, како и секоја година, постојат работи со кои малку доцниме, но тоа е вообичаено за сите. убеден сум дека ќе имаме одличен болид, но тоа што не го знам е колку ќе бидат добри конкурентите.

задоволни сме со бројките од нашиот болид и тоа што го работиме за новите правила, но не плаши доколку некој види и открие нешто што ние не сме виделе. сепак, оптимист сум – објасни стаинер.

Запрашан дали се плаши од предизвикот кој со себе ќе го донесе финансиски стабилната Форс Индија, односно Рејсинг Поинт и се посилниот Заубер, италијанецот одговори.

мислам дека сите ќе се бориме за тоа 4то место зад а бидеме најдобри од останатите. на нас ни треба добра работа како лани во текот на зимата за да донесеме добар болид од првата трка, тоа не е тајна, но сите ќе се трудат да дојдат до таква позиција.

лани ако некој кажеше дека ќе бидеме 5ти во поредокот, ретко кој ќе поверуваше. тешко можам да објасам, но ако го направиме тоа што знаеме најдобро да го правиме, ќе биде одлично. ако завршиме добра работа, што мислам дека ќе биде случај, но доколку некој заврши малку подобра рабора од нас, ќе биде пред нас и ќе мораме да го стигнеме. тоа е таа развојна трка.

Гунтер исто така откри дека Хаас сакаат дополнителни 10-20 вработени во тимот на позициите каде се најдефицитарни, но големи промени во структурата на екипата не се планираат.

не може едноставно да вработите 800 луѓе и да мислите дека следниот ден ќе бидете брзи, тоа не се случува во формула 1. мора органски, внатрешно да раснеме и да се обидеме да ги донесеме најдобрите луѓе кои најдобро ќе се вклопат во нашата култура и ќе придонесат кон нашата цел – заврши стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.