Жалбата на Хаас против дисквалификацијата на Роман Гросжан од Големата награда на Италија треба да добие разрешница откако американската екипа доби датум за сослушување, 1 Ноември пред Судот во Париз. Хаас сметаат дека стјуардите во Монца донеле погрешна одлука што му го одземале на Гросжан 6то место по трката во Италија, поради нелегален под.

Инспекцијата на ФИА востанови дека предниот дел од подот не ги имал потребните 50 мм радиус на краевите, но Хаас сметаа дека не добиле доволно време да се подготват за новата техничка директива која била донесена во текот на летната пауза.

Тие побарале посебна дозвола да се тркаат со споменатиот под пред да ги направат промените кои требало да ги донесат во Сингапур. Протестот на дизајнот на Хаас го напишаа нивните најголеми конкуренти за 4то место во поредокот, Рено.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.