Најмладиот Формула 1 тим на гридот, американски Хаас, објавија дека новата шара и боите на шасијата, ќе ги откријат во Четврток, односно на 7 Февруари.

Се очекува боите на болидот да ги пресликуваат шарите на новиот главен спонзор на тимот, Рич Енерџи, чии заштитни бои се црно и златно. Хаас ја открија оваа вест преку социјалните медиуми, но сеуште не кажаа датум за промоција на новиот болид.

Многумина се сомневаа во главниот спонзор на американците, компанијата коај на почетокот на минатата сезона сакаше да ја превземе Форс Индија, но Гунтер Стаинер веќе откри дека пари од новиот главен спонзор веќе пристигнуваат на сметка на тимот.

Веројатно дека тимот како и претходните сезони, ќе го претстави својот болид во падокот во пресрет на првиот тест во Барселона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.