Со последната одлука на ФИА за дизајнот на задните тркала на Мерцедес, тимот Хаас е уверен дека ќе ги добие назад поените од трката во Италија. Возачот на Хаас, Роман Гросжан зарши на 6та позиција, но поради жалбата на за нивниот под, на тимот му беа одземени поените.

На подот имало мал проблем во предниот дел и по дикусијата на Хаас и ФИА, тимот тврди дека за време на летната пауза им било забрането да направат ревизија на време за Монца. Хаас ја обжали одлуката на ФИА и во Четврток се очекува одлука за случајот.

Џин Хаас го споредува нивниот случај со тој на Мерцедес и нивните задни фелни кои имаа вграден систем за ладење и според некои екипи, не се во согласност со правила. Ферари се пожалија, но ФИА одлучи дека дизајнот е легален.

Што кажаа за Мерцедес, дека нивниот малечок диск нема ефект на аеродинамиката, но дали е тоа мерливо?

Исто е и со нас затоа што Ние само ставивме мал радиус на крајот и тоа не е мерливо, Но кога доаѓа од Мерцедес, тогаш тие се извлекувааат а нас не казнуваат.

Радиусот нема никаква врска со перформансите. Спецификацијата е на англиски, и не е документиран дијаграм што точно е потребно. Има само параграф со објаснување. За тоа се расправаме со месеци. Конечно има датум и ќе видиме што ќе се случи. Возевме и претходно и други тимови пред тоа. Нема никаква разлика во перформансите – смета стаинер.

Доколку Хаас ја добие жалбата, тогаш ќе им се вратат 10 поени кои многу ќе значат во борбата со Рено за четвртата позиција кај конструкторите. Рено ја зголеми разликата на 30 поени во однос на Хаас по одличното Мексиканско Гранд При на французите и враќањето на овие поени нема многу да им помогне во моментов.

Мислам дека сме среќни со 5та позиција ако ја видиме целата сезона. Лани бевме на 8мо место и мислам дека ако ја задржиме оваа позиција ќе биде успех. Разочарувачки е на крајот што немаме среќа и го изгубивме моментумот.

Рено, од своја страна, веруваат дека стујардите од Италијанското Гранд При донеле вистинска одлука.

Жалбата е помеѓу Хаас и ФИА, Ние сме трета страна. Би сакале да имаме повеќе информации во нашето досие и верувам дека стујардите донесоа правилна одлука а ние сме само патници или надбљудувачи. Ќе видиме што ќе се случи – велат од рено


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.