Формула 1 работи со ФИА и тимовите да го креира новиот болид за 2021 година за да испорача подобра трка. Дизајнот треба да се промени наредната сезона, а веќе ги имаме и концептите и како понатака.

Ферари оваа година ја води борбата со Мерцедес, а на моменти таму се вмешува и Ред Бул. Тркачката серија работи на дизајн на идниот болид со кој ќе се зголемат шансите за подобра борба.

Високо на агендата е решение за болидите да може полесно да се следат и да се зголемат шансите за престасување, но тука е и желбата за подобар изглед за децата да ставаат постери на ѕидовите.

Започнавме со дизајнот на болидот за 2021 година и главна цел е да овозможиме добра трка. Тоа што го знаеме до сега е дека болидите не може да се следат. Кога ќе стигнат еден зад друг, тие губат 50% од потисната сила. Тоа е исто толку перформанси. Сега знаеме како да се поправиме и мислам дека сме на 80%. Како што поминува времето треба да видиме и како тие болиди ќе изгледаат. Сакаме убави болиди што ќе се видат во видео игрите и децата ќе ги стават на ѕидовите. Во секој дел од еволуцијата, има некој кој прави графички приказ како тоа би изгледало. Тоа не е контрола на развојот бидејќи за развој се потребни цели. Сакаме инспирирачки болид. Формула 1 е врвот на моторспортот и болидот мора да изгледа сензационално – изјави Рос Браун.

Спортот сака болидите на иднината да бидат тие поради кои фановите ќе се возбудени.

Има повеќе иницијативи каде Формула 1 е катализаторот во кој младите луѓе ќе се интересираат за науката. Ни недостасуваат инжинери во иднина. Доколку Формула 1 создаде пасија за младите да се заинтересираат за инжинерингот тоа би било фантастично. Сакаме болиди кои ќе промовираат технологија во училиштата пред младите студенти и ќе има натпревари.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.