Формула 1 објави тригодишно продолжување на соработката со Карбон шампањите како официјален снабдувач со пенливо вино.

По успешната соработка во 2017 година и 2018 година, престижниот бренд ќе остане дел од церемонијата на подиумот се до крајот на 2021 година.

Прскањето со шампањ е синоним за Формула 1, а Карбон брендот е повеќе од логичен и совршен избор за врвот на моторспортот. Тоа не е само поради врвниот вкус туку и поради високо технолошката обработка на флашите кои се од чист карбон, слично како и огромен дел од формула 1 болидите.