Инженерот Пет откри дека Формула 1 создаде прв симулатор за претекнување со цел да се користи при дизајнот на патеките во иднина и на тој начин да се подобри шоуто кое со себе го носи спортот.

Шефовите на тркачката серија направија неколку работни групи со цел на повеќе начини да се промени спортот и да се подобри тркањето, Пет Симондс е на чело на Групата за перформанси на болидите. Тој откри дека идејата да се користат симулации при дизај на патеки веќе се користи за да се направи изгледот на автодромот во главниот град на Виетнам, Ханои, при првата трка таму во 2020 година. Исто така, симулаторот се користи и при анализа на Јас Марина во Абу Даби, патека која традиционално на крајот на сезоната не носи големи возбуди.

го произведовме првиот симулатор за претекнување, процесот беше многу сложен и за да се мине круг по некоја патека на истиот потребни се неколку часови.

се работи за премногу сложена симулација, истата има соодветен модел на болид, прави анализа на подлогата и карактеристиките на гумите и сите останати работи. го користиме за дизајн на евентуални нови патеки како и за подобрување на веќе постоечките.

Виетнам е прва на која работи симулаторот и мислам дека разбравме што е потребно за да се донесе добро тркање во Ханои. мислам дека таа патека ќе биде фатнастична, ќе има феноменални карактеристики и навистина ќе има жестоко тркање – најави симондс.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во својата последна колумна за Autosport , поранешниот Формула Е првак, Лукас ди Граси, напиша дека во тркањето треба повеќе време да се псовети на дизајнот на патеките за да се подобри тркањето одошто константно да се прават промени кај болидите. На тоа Симондс одговори:

тоа што лукас го вели е сосема точно, има повеќе аспекти на таквото тврдење, но мораме да имаме некакви научни докази зад тоа и со нашиот симулатор тоа и го имаме. сум слушнал многу теории како да ги направиме болидите повеќе да се претекнуваат и многумина сметаат дека треба повеќе механички грип. но, доказите велат дека на дождливи трки кога имате многу помалку грип има далеку поинтересно тркање. поради тоа ни треба науката да ни даде конкретни докази – заврши симондс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.