Формула 1 ќе користи вештачка интелигенција во телевизискит епреноси следната година.

Како дел од соработката помеѓу Формула 1 и Amazon Web Services (АВС), се истражува користење на најнова технологија за прибирање на многу податоци и прикажување на истите на телевисискит телевизиските екрани, а се со цел да се подобри уживањето на гледачите пред телевизорите. Шефовите на спортот открија дека ќе го ористат Sagemaker – најнова алатка за учење на случувањата.

На настанот организиран од АВС во Лас Вегас говореше Спортскиот о оперативен шеф на Формула 1, Рос , кој откри дел од плановите.

следната сезона се пришируваме и овозможуваме подобро искуство за нашите гледачи со дополнително откривање на телеметриски податоци како позиционирање на болидот, состојба на гумите, временска прогноза и за сето тоа ќе го користиме Sagemaker како предвидувач на перформансите на болидот, менувањето гуми и стратегијата на трка.

Ќе има одлична нова интеграција на вештачка интелигенција во телевисиските преноси догодина – најави Рос Браун.

Во својот говор Браун објасни три ситуации во кои графиката ќе се користи во преносите. Прво е состојбата на гумите на сите возачи за да гледачите подобро разберат дали болидот има прегреани гуми или се е во ред со пневматиците.

знаеме дека некој е во неволја доколку задните гуми му се прегреани. можеме да погледнеме во историјата на работа на неговите гуми и да видиме како работеле дотогаш во текот на трката, да предвидиме со помош на учењето соодветна анализа за таа ситуација.

таа информација можеме да им ја дадеме на фановите за да тие разберат дали возачот е во лоша ситуација или може да менаџира. овие податоци тимовите секогаш ги имале, но ние ќе им ги доближиме на фановите за да се во тек со тоа што се случува.

План е следната година да има и посебна графика која ќе предвиди дали е можно да следува претекнување на еден болид против друг.

тркањето е клучно во овој спорт, а алатката за учење ќе ги има актуелните податоци во живо, како и историските, и ќе направи предвидување дали претекнување ќе се случи. тоа што е одлично за ова е фактот дека тимовите ги немаат сите овие податоци, но ние како формула 1 ги знаеме податоците за двата болида, можеме да споредиме, нешто што никогаш порано не е направено – го откри вториот пример браун.

Последното нешто кое го најави британецот е анализата на менувањето на гуми која покажува како тој стратешки момент ќе влијае во трката.

сопирање во вистинско време и монтирање на вистински гуми оже да победи или загуби трка. ние ќе ги земеме сите тие податоци им ќе им дадеме на фановите информација зошто е токму тогаш направено застанувањето и дали е исправно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.