Формула 1 ќе добие дополнителна заштита и мерки на безбедност во Интерлагос викендов за време на одржувањето на Големата награда на Бразил за да не се повторат ланските инциденти.

Во 2017 година неколу членови на Формула 1 екипите беа цел на вооружен грабеж во Сау Паоло патувајќи накај патеката за време на тркачкиот викенд. Безбедноста лани дури ги натера и италијанците од Пирели да го откажат тестот со Мекларен закажан следниот ден по трката, а некои медиуми пренесоа дека челниците на спортот сериозно размислуваат дали повторно да се врќаат во Бразил.

Според британски The Sun, ФИА одржала состанок со Либерти Медиа во Париз, состанок на кој биле присутни и други страни за да се осигураат дека ќе бидат превземени дополнителни мерки на безбедност за време на овогодинешното издание на трката.

Цела недела вооружената полиција ќе ја обезбедува целата траса од и кон патеката, но екипите за секој случај може да ангажираат и свое обезбедување.

работиме со обвинителите, локалните власти и полицијата затоа што тие знаат подобро. свесни се за тоа кога доаѓаме и кога си одиме така што нивното присуство мора да биде значително – најави отмар шафнауер, првиот човек на форс индија.

Во 2010 година, тогашниот актуелен првак Џенсон Батон придружуван од неговиот татко и неговиот менаџер избегнаа вооружен напад додека се возеле во автомобил, поточно чекале на семафор по крајот на саботните квалификации.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.