Ф1 реши: Нема промена на бодовниот систем

176
   

Во Формула 1 нема да се воведе поинаков бодовен систем од следната сезона, откако многумина го предложија тоа, односно проширување и наградување на возачите по 10то место на крајот од трката.

Стратегиската група разговараше за доделување на поени за возачите до 20то место наместо само за топ 10, а како можна алтернатива се споменаа и првите 15 финишери.

Директорот за трка во ФИА, Чарли Вајтинг го потврди следното:

Доколку промената на бодовниот систем е нешто со што сите се согласуваат, можеме да го воведеме, но во 2019 година.

Тоа значи дека следната година ќе има награда само за првите 10, односно 25 – 18 – 15 – 12 – 10 – 8 – 6 – 4 – 2 – 1, систем согласно кој се доделуваат поени од 2010 година.

Во својата долга историја, Формула 1 само во три наврати го менувала бодовниот систем, иако начинот на распределба на поените бил менуван почесто. Од 1950 година се доделуваа бодови по системот 8 – 6 – 4 – 3 – 2 и дополнителен бонус поен за најбрзиот круг, награда која постоше се до 1960 година.

Од 1961 година победникот освојуваше 8 поени, останатите останаа непроменети и на тој начин се работеше до 1991 година кога победниот “ќаруваше“ 10 поени.

Во 2003 година се направи двојна промена и со поени почнаа да се наградуваат најбрзите 10 по системот 10 – 8 – 6 – 5 – 4 – 3 – 2 -1. Вака остана до 2010 година кога на сцена стапи системот кој и денеска се користи.


Ф1 реши: Нема промена на бодовниот систем

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>