Формула 1 шефот, Рос Браун, вели дека тркањето и претекнувањето ќе се подобрат за 20 проценти во година благодарејќи на промените во техничките правила.

Откако неколку екипи веќе ги најавија промоциите на новите болиди, новата сезона ќе прикаже нови променети аеродинамични правила фокусирани кон предните крила и отворите за ладење на сопирачките, како и пошироко задно крило.

Промените беа донесени со цел да го промовираат поблиско тркање и теоретски да ги зголемат претекнувањата, по голем број на поплаки насочени дека Ф1 болидите не се во можност да се следат доволно блиску поради нарушување на струењето на воздухот.

Се додека болидите не возат, не знаеме какви решенија биле направени, но од претпоставките, ќе достигнеме подобрување од 20 проценти. Значи, на четвртина пат сме од таму каде може да бидеме. Но не станува збор за една промена без дополнителни промени понатаму.

Тоа што го научивме од аеро програмата ќе биде многу важно за следниот голем чекор, во 2021 година. Тоа што е важно, е филозофијата и културата, не само еднократно решение.

Ако не постигнеме се што сакаме, ќе научиме од тоа, ќе продолжиме понатаму се додека не ги доведеме болидите до точката кога ќе може да се тркаат ефикасно, што моментално не е случајот.

Ќе биде корисно да се види дали тимовите напредувале и дали тргнале во поинакви насоки, бидејќи не сакаме тоа да го откриеме во 2021 година – вели Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.