Ф1 повторно ќе експериментира со графиката во преносите

479

Формула 1 гледачите крај малите екрани забележаа на Азербејџанското Гранд При дека преносите се збогатени со нова графика со цел да се покрие халото кое е многу видливо од камерата над главата на возачот. Но, во Шпанија стигнуваат уште новини во однос на графиката во преносите.

Во Баку на местото на хало беа видливи брзината со која болидот се движи, степенот на пренос, користењето на гасот, сопирачките како и вртежите под кои во моментот работи агрегатот.

Имаме подготвено многу податоци и ќе се обидеме на преносите да воведеме колку што можеме повеќе. Екипите никогаш нема да дадат некаков податок кој ќе им даде предност на конкурентите, но ние ќе работиме заедно со сите екипи. Има работи како Г-силите кои можеме да им ги дадеме на гледачите и мислам дека тоа доста ќе ги возбуди – појасни Дин Локе, Директор во Формула 1 задолжен за преносите.


Ф1 повторно ќе експериментира со графиката во преносите

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>