Шефовите на Формула 1 планираат да се сретнат со официјални лица од шест кинески градови неделава за да го видат потенцијалот и заинтересираноста за градска трка во најбројната држава во светот.

Либерти Медиа секогаш изјавуваат дека сакаат втора трка во Кина како додавка на успешната организација на Шангај. Во своја изјава за време на Кинеското Гранд При, комерцијалниот шеф на спортот, Шон Брачес, откри дека би било идеално да се додаде уште една градска трка, а главниот град Пекинг е една можност за нешто такво.

во однос на нашиот интерес, ние силно посакуваме градска трка. ќе биде одлична додавка на сегашната фантастична, наменски изградена патека во шангај. наша намера е со следната трка да го доближиме шоуто до фановите – изјави брачес за AFP.

Тој откри дека се закажани дополнителни состаноци неделава за да се истражат можностите и заинтересираноста на страните.

договорени се состаноци со локални владимни претставници за да се идентификува втор град каде можеме да организираме трка. сметаме дека има голема можност и перспектива за втора трка во кина.

Трката во Виетнам следната година е првата која американците ја додаваат на календарот откако го превземаа спортот.

ако сакате да го подигнете брендот до сите фанови, а и оние кои не се фанови, мора да им го доближите шоуто и да им го покажете спортот.