ГЕРМАНИЈА

28

јули

ПОБЕДНИК ВО 2019

МАКС ВЕРСТАПЕН

ПРВО ГРАНД ПРИ

1970

ДОЛЖИНА НА КРУГ

4,5 км

кругови

67

рекорд

1:13.780
КИМИ РАИКОНЕН

квалификации

15:00

трка

15:10

ВЕСТИ

хокенхајм

Оригиналната патека Хокенхајм беше изградена во 1939 година како тест патека за висока брзина на Мерцедес Бенз на кои им требаше патека да се подготвуваат за Триполи ГП.

Автодромот беше долг речиси 8 км и се состоеше од два искриевени правци со големи свиоци на нивните краеви. Штом почна војната, изградбата престана, а по војната Нирбургринг стана домаќан на Формула 1 во Германија, а Хокенхајм организираше неколку помали настани. Кога беше донесена одлука да се изгради автопат низ самата патека, Владата му даде огромна финансиска компензација на Хокенхајм. Овие пари беа искористени да се изгради нова патека, која сечеше низ шума пред прекрасен сектор налик на стадион со огромни трибини.

Во 1968 година, Хокенхајм стигна на насловните страници, но не по добро, Џим Кларк го загуби животот на таа патека на Формула 2 трка. Но, Нирбургринг стануваше застарен, така што Формула 1 дојде во Хокенхајм во 1970 година. Легендарниот Нирбургринг се модернизираше и спортот се врати таму, оставајќи го Хокенхајм со национално тркање и формула 1 трки.

1976 година Ники Лауда се здоби со страшни изгореници на Нирбургринг, а тоа беше само причина за селење на ГП трката. Но и Хокенхајм не беше безопасен, во 1980 година Патрик Депалие го загуби животот на тестирање, а потоа беше поставена шикана за да “се разбие“ пребрзата Осткурве, додека Дидие Пирони со Ферари во 1982 година имаше страшни повреди на нозеде по еден судар.

Во 2002 година исчезнаа долгите правци низ шумата, а целиот Хокенхајм доживеа огромни модификации. И покрај аргументите дека патеката го загубила духот, трките таму беа огромен успех, а самата патека редовно се појавува на Формула 1 календарот.

Со успехот на германците Михаел Шумахер и Себастијан Ветел, како и на екипата на Мерцедес, германското ГП во Хокенхајм стана една од трките со најдобра атмосфера на календарот, а вревата н фановите од трибините е неверојатна.