Ф1 и Твитер во живо по трките

155

Формула 1 и социјалната мрежа Твитер постигнаа еклсузивен договор согласно кој мрежата ќе може во живо да ги пренесува настаните по крајот на трката, почнувајќи од претстојното Шпанско Гранд При во Барселона.

Официјалниот Твитер профил на тркачката серија во моментов има околу 3,63 милиони следачи и на него ќе се пренесуваат интервјуата со возачите, тимските шефови и персонал по крајот на трките, а за истото ќе биде одговорен британецот Вил Бакстон.

Дополнително, освен во Шпанија, на уште 9 трки до крајот на сезоната ќе се пренесува посебно шоу кое ќе го води Формула 1 првакот од 2016 година, Нико Розберг.

Убаво е да се види новата насока на Формула 1 во дигиталните мрежи како клучен канал за поблисок пристап до фановите и идните обожаватели на спортот.

Воодушевен сум што ќе се вклучан во оваа програма и кога Формула 1 ме покани да учествувам, бев пресреќен. Ја сакам Формула 1 верувам дека спортот може многу да порасне преку социјалните дигитални платформи – појасни Нико Розберг.

Ексклузивната содржина за Формула 1 ќе биде и повеќе од програмата во жива по трките, така што на мрежата ќе има најинтересни моменти од трките, снимки кои не се прикажани на преносите, како и можност да се контактира со огромна база Формула 1 фанови.

Компанијата The Walt Disney Co, сосоптственик на ЕСПН и Твитер постигнаа договор за создавање содржина оптимизирана за прикажување на социјалната мрежа.


Ф1 и Твитер во живо по трките

1 Коментар

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>