Формула 1 и Нетфликс објавија детали за нивниот нов долгоочекуван документарен филм Formula 1: Drive to Survive кој од 8 Март годинава ќе може да се гледа на популарниот сервис за видео содржини.

Се работи за серија од 10 епизоди која за прв пат во историјата на спортот дава ексклузивен и интимен пристап до најголемите легенди на тркачката серија. Фокусот нема да биде само на тркањето, туку ќе им даде на фановите информација за личниот живот на нивните херои од патеката.

Како што нова генерација возачи доаѓа во спортот, тркачката серија ги отвара вратите до врвните возачи, тимските шефови и соптвеници и прави темел на нова конкурентност и предизвик. Не само што серијата е фокусирана на акцијата од патеката, но исто така и надвор од неа за да донесе невидени информации за луѓето кои ја прават тркачката серија онаква каква што е.

Серијата ќе ги пренесе сите делови од Формула 1 шампионатот во 2018 година од отварањето на сезоната во Мелбурн па се до финалето во Абу Даби каде шампионите се крунисуваат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.