Ф1 го сокри хало на телевизија

1394

Формула 1 најде начин да го сокрие системот за заштита на кокпитот при телевизиските преноси од камерата поставена над главата на возачот.

Хало е често критикувано поради својот неестетски дизајн, но од трката во Баку ќе се применува графика при преносите со која истото ќе биде незабележливо.

Камерата од болидот првично беше поставена на страна од болидот за да не се гледа хало, но многу мал дел од патеката беше видлив. ФОМ ја ремести камерата над главата на возачот во делот од каде се вшмукува воздух во моторот, по што се реши голем дел од проблемот со непрегледноста на патката, но на овој начин половина телевизор беше покриен од хало. Ова го искористија некои екипи и го брендираат халото со спонзори или со логоа на екипите или имиња на возачите.

Од Баку, ФОМ отиде чекор подалеку со воведување на нова графика која наиде на позитивни критики преку социјалните мрежи. Графиката која во преносите е поставена над хало-то личи на дисплеј од борбен авион и дава информација за тоа дали возачот забрзува или кочи, во која брзина вози, бројот на вртежите и моменталната брзина, а во исто време не покрива дел ниту од патеката ниту од кациага на возачот.


Ф1 го сокри хало на телевизија

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>