Даниел Рикардо цели високо за Големата награда на Сингапур откако имаше фрустриачко Италијанско Гранд При. Неговиот Ред Бул со најновата Ц спецификација на Рено имаше проблеми, но истите не беа предизвикани од моторот, туку од спојката. Австралијнецот поради нов мотор мораше да почне од позадина и се пробиваше низ гридот кога дефектот го паркираше крај патеката.

Уште една фрустриачка трка за мене. Го мианв Строл и погледнав во ретровизорот гледајќи го до каде е, но не можев да видам доволно чисто и јасно. Сфатив дека тоа е поради чадот од задниот дел од болидот и тогаш го пријавив тоа на моите иженери кои побараа од мене веднаш да сопрам.

Се плашев дека моторот е во дефект, но откако искочив од болидот и се вратив во гаражата момците истражија и видоа дека проблем е спојката – појасни Рикардо.

Даниел има две победи годинава, на почетокот во Кина и во Мај во Монако, а освен овие две искачувања на подиумот нема други. Чест проблем се дефектите на неговиот Ред Бул, но и покрај тоа тој се надева на силна трка низ улиците на Сингапур и враќање на подиум.

Имав фрустрирачки период и лоши неколку трки, но се надевам дека ќе се промени нешто на болидот, ќе имаме подобра издрливост и ќе можам да стигнам до подиум во Сингапур – е желбата на Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.