Формула 1 фановите кои ја следеа во живо Големата награда на Франција од Автодромот Пол Рикар, беа непријатно изненадени од метежот, гужвите и загубеното време за да стигнат до патеката.

Организаторите и промотерите на Француското Гранд При се надеваат дека ќе добијат долгогодишен договор со Формула 1 за да ги обезбедат потребните финансиски средства за решавање на проблемот со патиштата кои водат до патеката.

ние можеме да инвестираме само ако сме обезбедени со долгорочен договор за трката, а тоа значи 8-10 години. не можеме да изградиме патишта за следното издание на трката во 2019 година, иако сфаќаме дека ситуациајта во сообраќајот не беше добра. Поради тоа ќе изнајдеме времено решение како на пример повеќе комбиња, а помалку автомобили или нешто слично. работиме напорно да дојдеме до решение за да обезбедиме нормален сообраќај за време на Гранд При трката, дури и во Петок – објасни Кристиан Естроси, претседател на организациониот комитет во Пол Рикар.

Првиот договор за трката опфаќа период од 5 години, значи од 2018 година до 2022 година. Дебитантското издание се покажа профитабилно за сите страни, така што очекувано е договорот да биде продолжен, а патиштата да бидат изградени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.