Ревидираниот изглед на предното крило кој ќе биде задолжителен дел од болидите следната година имаше деби во форма на прототип на првиот ден од вториот сезонски кој се одржа на Хунгароринг. Форс Индија и Вилијамс беа први екипи кои излегоа со свои верзии од предното крило, додека Ред Бул пробуваше некоја комплексна верзија која личи на хибрид помеѓу овогодишените спојлери и следните.

Ревидираното предно крило за следната сезона треба да ја намали потисната сила за да го подобри квалитетот на тркањето особено во однос на комплексноста кој попречуваше во момент кога се следи друг болид. Ревидираното крило е 200 милиметри пошироко и 25 милиметри подлабоко, додека комплексните крилца и странични завршетоци ќе бидат забранети.

Променето предно крило е прв чекор од планираните промени следните неколку години со цел да се подобри тркањето и конкурентноста во тркањето.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.