Мина само две минути од втората петочна сесија кога Маркус Ериксон со својот Заубер Алфа Ромео Ц37 излета од патеката при голема брзина на крајот на пред стартно целната рамнина. Швеѓанецот се изврте неколку пати пред болидот да се смири.

Не знам што се случи – изјави Ериксон преку тимското радио пред да излезе од болидот и да се упати кон медицинскиот центар на задолжителна проверка.

Заубер потврдија дека возачот не е повреден по страшната несреќа, но не можеа со сигурност да кажат што се случило Но, забавената телевизиска снимка покажа дека веројатно ненавременото затворање на ДРС системот целосно го пореметило балансот на болидот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.