Форс Индија сака да биде помеѓу најдобрите три Формула 1 екипи во 2019 година по изјавата на нивниот шеф, Отмар Шафнауер.

Екипата од Силверстон беше во постапка на администрација во текот на летото и Конзорциум предводен од Лоренс Строл ги спаси.

без доаѓањето на лоренс строл немаше да можеме да се тркаме во август. во формула 1 сум 20 години, а разговорите со него почнаа пред шест месеци, но поради тоа што двајцата сме од северна америка имаме слични начини на гледање на работите. строл сака да го забрза растот на екипата до максимум и многу брзо да ги стигне топ 3 екипите кои доминираат – изјави Отмар Шафнауер за бразилски Globo.

Тој појасни дека е зафатен со реструктуирање на екипата која се очекува да има целосно ново име догодина, а на средн рок да добие и нова фабрика.

сакаме да се бориме за трето место. мислам дека ние и рено имаме шанса да дојдеме поблиску до ферари и мерцедес во 2019 година – оптимист е отмар.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.