Првиот човек на Форс Индија, Отмар Шафнауер, призна дека екипата била спасена на време оваа сезона за да се спаси развојот на болидот и целата 2019 година.

Екипата од Силверстон влезе во административна постапка во текот на летото по пријава од Серхио Перез која беше поддржана и од доставувачот на мотори Мерцедес како и главниот спонзор БВТ. Сепак, пред продолжетокот од сезоната, Конзорциум на чело со Лоренс Строл го превзема тимот, спаси 400 работни места во фабриката и со финансиски инјакција дозволи да продолжи развојот на болидот.

спасот за тимот дојде точно на време. тешко е да се знае точно до каде сме со подготовките затоа што тоа е релативно поради фактот што не знаеме што прават и до каде се другите. но, среќни сме и задоволни со нашиот напредок поради фактот што имавме среќа да тестираме верзија на предното крило во Унгарија, многу научивме и имаме добра насока – објасни Шафнауер.

Тимот до сега го потврди само Серхио Перез како возач за следната година, а второто место се очекува да му припадне на Ленс Строл.

одбравме да му понудиме нов договор на чеко затоа што е фантастичен возач, одличен е на трка, добро се квалификува, дава одличен фидбек и со тимот е подолго време. има големо влијание во екипата и одлично е што продолжува со нас. правилата значително се менуваат следната година, а возач како серхио со неговото искуство може да ни помогне да го продолжиме напредокот.ave continuity as well, from one year


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.