Форс Индија ќе ја промени својата стратегија на квалификациите откако Серхио Перез не успеа да влезе во К2 на трката во Италија.

Тој беше надвор од топ 15 и остана да ги чува гумите останувајќи во гаражата. Но тимот ја потцени патеката и увиде дека поспорите болиди се користат меѓу себе за да се влечат. Но Перез не успеа да оди понатака за 0,001 секунда.

По анализата на ситуацијата тимот одлучи да оди со две излегувања за да се осигуре дека нема да ризикува.

Направивме грешка на квалификациите. Го пративме Серхио надвор и тоа не чинеше многу. Грешките секогаш чинат многу. Од сега ќе излегуваме по два пати наместо како до сега со едно излегување.

Перез на трката заврши на осма позиција зад Естеба Окон. Двајцата добија дополнителна позиција по дисквалификацијата на Гросжан.

Мислам дека Серхио го доби само Гросжан и никој друг. Но заврши одлична работа и на крајот беше побрз од Естебан. Нема смисла да ги менуваме позициите, тоа ќе беше само ризик. Имавме одлично темпо и на крајот бевме најбрз болид на патекта. Промената на нашите возачи ќе зависи од повеќе фактори, но засега сме задоволни. Имаме новини за Сингапур. Не знам дали другите имаат но се надевам ќе профитираме. Најмногу се аеродинамични. Малку и кај суспензијата има поправки. Целта беше да се донесат пред Спа но не успеавме. Двата болида се на целта за Сингапур.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.