Форс Индија со многу поени во “лудото“ попладне

65

Од почеток до крај, неделната трка во Германија изгледаше тешка за возачите на Форс Индија, но огромниот напор на Серхио Перез и Естебан Окон се исплатеше и двајцата завршија во поени за розевите болиди.

Се до последниот дел од Германското Гранд При, кога се променија временските услови, битката во средината беше типична, промена на позиции во секој круг. Со солиден прв стинт на ултрасофт пневматици, Перез беше во топ 10. Дождот придонесе кон дополнителен предизвик, но за момент се отиде во погрешна насока кога мексиканецот се изврте. Успеа да продолжи и стигна до финишто со одлични поени за себеси и екипата на седмото место.

Кога ќе завршите во поени по такво лудо попладне мора да бидете среќен. Целата трка бев зафатен во средината борејќи се со другите болиди околу мене. Имав одличен прв стинт, но немавме среќа при влегувањето во бокс, што не чинеше неколку секунди.

Кога пристигна дождот, беше многу тешко и секој круг беше нова авантура. Се извртев додека го претекнував Леклер. Мислам дека тој не ме виде, а јас изгубив контрола на задниот дел од болидот.

Да се преживеат сите овие нешта и да се пласирам на седмо место е одлично постигнување. Штета е што изгубив позиција од Гросжан во последниот круг, но постигнавме толку колку што можевме – изјави Перез.

Естебан Окон стартуваше од 15то место на гридот и се очекуваше и тој да има тешка трка пред себе. Од почетокот тој се бореше во средината, но неговата трка се подобри по влегувањето во бокс и кога се променија временските услови.

Надополнето со одличната стратегија од тимот, Окон доби можност да го достигне Перез се до финишот на трката, иако и двајцата на крајот изгубија позиции од Роман Гросжан.

Одличен резултат за нас по разочарувањето во квалификациите. Имав добар старт и надоместив неколку позиции во првите кругови, но првиот стинт беше прилично досаден. По влегувањето во бокс и дождот, тогаш навистина направивме разлика во трката.

Надоместивме неколку позиции при дождот и беше навистина забавно. Морав да ја анализирам ситуацијата во секој круг, зависно од дождот, но немав сомнеж околу останување на патеката.

Да освоиме поени по квалификациите е одличен резултат. Бевме добри, верувавме во стратегијата и се исплатеше – изјави Окон.


Форс Индија со многу поени во “лудото“ попладне

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>