Оперативниот директор на Форс Индија, Отмар Шафнауер призна дека се плашеле за иднината на екипата и судбината која им се случи на пропаднатите Катерхам и Марусиа откако влегоа во постапка на администрација. Тимот е спасен откако била прифатена понудата на Конзорциум предводен од Лоренс Строл, татко на сегашниот возач на Вилијамс, Ленс Строл.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тимот ќе ја врати својата ликвидна состојба и ќче бидат зачувани сите 405 работни места откако е обезбедено финансирање како сезонава, така и на подолг рок. Исплатата на кредиторите на кои се должи ќе започне веднаш.

Пропаднатите Катерхам и Манор влегоа во постапка на администрација на крајот од 2014 година, а Марусиа успеа уште некое време да егзизстира под името Манор. Во 2016 година повторно влезе во постапка на администрација, од која не успеа да се спаси.

Штом влеговме во администрација, бевме свесни дека тоа се имаше случено на неколку екипи кои не ја преживејаа истата. Сите во тимот беа нервозни, имаше голема нетрпеливост затоа што не знаевме што ќе се случи. Сега, кога постоењето на тимот и иднината е обезбедена, можеме да здивнеме и да се вратиме на работа како и секоја нормална Формула 1 екипа – најави Шафнауер.

Отмар бил клучна помош за администраторите во пронаоѓањето на инвеститори и помогнал во склопувањето на Конзорциумот предводен од канаѓанецот Андре Десмарис, Џонатан Дудман од Монако Спортс и Менаџмент, Џон Ајдол од модниот бизнис, телекомуникацискиот инвеститор Џон МекКоу, финансискиот експерт Мајкл де Пикиото и Силас Чоу, деловен партнер на самиот строл.

Сеуште е рано да се зборува за било што, но јас искрено се надевам дека ќе го задржиме истиот менаџмент. Самошто беше прифатена понудата, не сум седнал да разговарам со новите сопственици за да одлучиме како понатаму – откри Шафнауер.

Екипата последните 11 години е сопственост на доктор Виџеј Малиа, Субрата Рој од Сахара Груп и семејството Мол, а за следната тркачка сезона секако дека ќе има и промена во името.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.