Форс Индија сметаат дека нивниот доставувач на мотор, Мерцедес, се виновни за дисквалификацијата на Естебан Окон од Големата награда на Америка. Пласманот на французинот беше поништен затоаа што стјуардите увидоа дека за време на првиот круг, протокот на гориво во болидот на французинот бил недозволено висок , а тој беше втор возач кому тоа му се случи покрај Кевин Магнусен.

Истрагата покажа дека Окон во одреден момент имал доток од повеќе од 100 килограми гориво на час, но грешката била направена поради тоа што софтверот кој го добиваат од Мерцедес имал грешка која дозволила поголемо количество гориво да биде повлечено.

Серхио Перез, вториот возач на тимот ги променил сетинзите на својот управувач за да го спречи моторот поради софтверот да повлече поголемо количество на гориво. Софтверот направил погрешна пресметка поради што возачот доби казна.ж


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.