Тимскиот шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер, верува дека Естебан Окон и Серхио Перез можеле да завршат со подобар пласман од 9то и 10то место, откако изгубија позиции на стартот од Руското Гранд При.

По квалификациите на шеста и осма позиција и двајцата возачи изгубија позиции во првиот дел од трката, за на крајот да се задоволат со последните две места кои носат поени.

И двата болида возеа безбедно и завршија во поени денес, но денот го завршивме помалку фрустрирани бидејќи не бевме во можност да ги прикажеме вистинските перформанси на болидот.

Изгубивме од Леклер во првиот круг и го поминавме поголемиот дел обидувајќи се да го претекнеме Магнусен. Иако имавме подобри перформанси, не успеавме и моравме да се задоволиме со 9то и 10то место.

И двата наши болида беа заедно на патеката и им ги заменивме местата во обид секој возач да го претекне болидот на Хаас. На крајот немавме доволно голема предност во некои делови од кругот кога најмногу ни требаше – изјави Шафнауер.

Додека Отмар и екипата посакуваат повеќе поени, тимскиот шеф сепак е среќен што додадоа дополнителни поени на своето конто во првенството.

Додадовме уште неколку поени и покажавме добра форма цел викенд, така штоо мислам дека можеме да бидеме конкурентни и во Сузука – додаде Шафнауер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.