Форс Индија казнети за небезбедно пуштање

129

Форс Индија се казнети со 5 илајди евра поради небезбедно пуштање на Серхио Перез на патеката во текот на втората тренинг сесија. Мексиканецот успеа да излезе од боксот и да стигне до 7та кривина на автодромот кога стана јасно дека неговото предно лево тркало не е зацврстено соодветно, но продолжи уште две кривини каде го паркираше болидот крај патеката по инструкциите од боксот.

Стјуардите го разгледуваа проблемот по сесијата и заклучија дека завртката била проблем, но проади тоа што соодветните мерки биле навреме првземени, доделена е парична казна, а не казна од места на стартот.

Стјуардите го разгледаа видеото и аудиото од боксот и болидот број 11 во 16.16 часот и ги сослушаа претставниците на тимот и возачот.

Стјуардите сметаат дека болидот бил пуштен на патеката во небезбедна состојба со што се прекршени правилата затоа што тркалото не било соодветно прицврстено на болидот.

Невообичаено е што тоа не беше веднаш воочливо иако тркалото не беше целосно на своето лежиште. Стјуардите и техничкиот делегат го испитаа болидот и заклучија дека тркалото не било безбедно наместено.

Возачот го запре болиот на безбеден начин веднаш штом му стана јасно што се случува, иако имаше конфузија преку радио комуникацијата, тимот даде соодветни инструкции штом и тие го разбраа проблемот што се случи пред 9от свиок на патеката.

Поради претходните одлуки за слични пркршоци, стјуардите решија да нема казна на стартот согласно правилата затоа што соодветни мерки беа превземени и болидот не изгледаше небезбеден кога беше пуштен.

Но, поради одговорноста на екипата да ги превземе сите мерки за болидот, стјуардите ја казнуваат екипата со 5 илјади евра – гласи соопштението од ФИА.


Форс Индија казнети за небезбедно пуштање

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>