Тимскиот шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер, признава дека е изненаден од приложената жалба од нивниот ривал Хаас за време на последната трка од Формула 1 календарот.

Хаас обвинува дека Форс Индија ги прекршила правилата околу конструирањето на овогодинешниот болид. Додека на тимовите им е дозволено да споредулваат компоненти и дизајни, според правилата Формула  1, конструкторите го задржуваат правото да користат делови се додека се натпреваруваат. Правилата додаваат дека предавање или примање на делови од листата на забранети делови, директно на некој конкурент или надворешен ентитет е забрането.

Хаас тврдат дека ова правило е прекршено и дека моменталниот болид им е даден на новиот тим Рејсинг Поинт Форс Индија во комплет откако тимот влезе во стечај.

По жалбата тоа веќе не беше изненадување, Но претходно воопшто не го очекувавме. Ова е изненадување но ова е и добар начин информациите да ги презентираме на стујардите. Ќе бидете информирани за текот на настаните – смета шафнауер.

Стујардите имаа прво сослушување, но се собираат повеќе докази. Форс Индија ги загуби сите поени кои ги освои на 12 трки во 2018 годиба како резултат на превземањето. Тие паднаа на дното на поредокот, но успејаа да се вратат на 7та позиција.

Сега имаат шанса да ги предизвикаат Мекларен за 6то место, но ќе се потрудат да не ризикуваат да бидат преминати од Заубер или Торо Росо. Хаас го има обезбедено 5то место на последната трка оваа сезона.

Доколку се одлучи дека Форс Индија не се конструктор во Формула 1 смисла, тие ќе го изгубат делот од наградата за 2018 година и таа ќе биде поделена со другите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.