Тимскиот шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер, вели дека ривалот од средината, Заубер, напреднале повќе дури и од врвните тимови во однос на 2017 година со нивниот моментален болид, Ц37.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Заубер освоија само 5 поени минатата година, држејќи се најблиску до нивните најблиски ривали Мекларен, имајќи проблеми користејќи едногодишна стара спецификација на агрегати на Ферари.

Со промена кон мотор со сегашна спецификација, тимот повторно беше најбавен на првата трка во Мелбурн, но нивниот болид воскресна во ривал од средината и неколку пати како конкурент за К3.

Не знам како успеаја да направат таков подем во развојот.

Мислам дека напреднаа повеќе од врвните тимови оваа година. Од таму каде што завршија минатата сезона, тие напреднаа повеќе од сите.

Не знам како се случи тоа со мала екипа, но ние мора да дознаеме, бидејќи тие се “паметните“ моментално – вели Шафнауер.

Напредокот на Заубер го убеди Кими Раиконен да се врати во екипата за две години откако го изгуби местото во Ферари, а негов тимски колега ќе биде Антонио Џовинаци, дел од младинската постава на Ферари.

Швајцарската екипа е осмопласирана во пласманот на две трки до крајот и воедно ќе освои најмногу поени во една сезона од 2013 година, кога имаа топ 10 финиш во Бразил и Абу Даби.

Шафнауер смета дека сезоната за Заубер во 2019 година би имала несакан почеток доколку тимот посветил премногу ресурси кон развојот на Ц37.

Не знам кога престанале да развиваат за оваа година, бидејќи ние престанавме пред многу долг период за наредната сезона.

Ако продолжиле со развојот во области кои не се пренесуваат наредната година, тоа ќе им наштети. Ако тоа е случајот, ако тоа што сте го научиле оваа година функционира и наредната, тогаш нема да штети. Можат да го применат.

Но импресиониран сум од нивниот развој, многу, многу импресиониран – додаде Шафнауер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.