Форс Индија добива новини од Сингапур

88

Форс Индија имаше одличен почеток на Формула 1 патешествието со 5то и 6то место на својата прва трка во Белгија и освоени 18 поени. Првиот човек на тимот, Отмар Шафнауер откри дека се работи на новини, кои би требало да пристинаг за трката во Сингапур која е на програмата следниот месец.

Тимот е препороден откако конзорциум на чело со Лоренс Строл ја превзема сопственоста, но ги загубија досега освоените поени и почнаа од нула во Белгија. Со пласманот од Спа веќе ги минаа Вилијамс кај конструкторите и се на поен зад Заубер. Цел им е да ги стигнат и Торо Росо и Мекларен и да го завршат првенството на 6то место.

Секако дека новите делови ќе им помогнат во остварувањето на целта.

На следните неколку тркачки викенди ќе донесеме повеќе перформанси во нашиот болид. Се надевам дека ќе почнеме со новините и подобруваата од градската трка во Сингапур.

Одиме во Монца решени да дојдеме до уште поени. Требаме и мораме да го задржиме моментумот од Спа. Монца е патека на која брзинат е се, а стабилност и сопирачките исто така се клучни. Мислам дека патеката ни одговара – појасни Шафнауер.


Booking.com

Форс Индија добива новини од Сингапур

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>