Форс Индија го извади максимумот за нови поени

68
   

Форс Индија продолжи со своите напори да се врати повисоко во генералниот пласман, со уште еден двоен финиш во поени на Јапонското Гранд При.

Седма позиција за Серхио Перез и деветта за Естебан Окон доведоа до 8 освоени поени за тимот во Сузука, намалувајќи ја предноста на Мекларен кои не освоија ниту еден поен.

Мислам дека максимално ги искористивме шансите. Моравме да се бориме до крајот за да освоиме 8 важни поени. Земајќи во предвид од каде стартувавме, се вративме добро и тимот заврши одлична работа со стратегијата.

Нашата стратегија побара од возачите да изведат неколку претекнувања и на крајот се заврши добро. Серхио имаше одличен маневар над Роман Гросжан и заврши како најдобар од останатите – изјави тимскиот шеф, Отмар Шафнауер.

И покрај тоа, Форс Индија останува далеку од 4то место во пласманот на конструктори. Тимот ги изгуби сите поени од првите 11 трки по превземањето на тимот од нови сопственици во летниот период.

Се обидуваме да го постигнеме максимумот на секоја трка. Секогаш сум велел, 4то место во пласманот е тоа што ми е важно и само сакаме да надоместиме што повеќе позиции. Минатиот викенд не го постигнавме максимумот од нашите перфоранси, денес сме среќни со тоа. Се надевам следната трка ќе биде уште подобра и ќе се обидеме да освоиме што повеќе поени.

Мислам дека го извадивме максимумот од трката, нашата форма беше силна и тимот имаше одлична стратегија. Многу сум возбуден со нашите перформанси. Моравме да бидеме агресивни и да изведеме неколку претекнувања. Ова беше фантастична трка – додаде Шафнауер.

За споредба, Окон беше помалку среќен со исходот на настаните, надевајќи се на повеќе од 9то место.

Тимот освои добри поени денес, но не сум целосно среќен бидејќи нашиот резултат беше воден од казната. Имавме одлична брзина цел викенд, четврт најбрз тим, но не стартувавме од подобра позиција и беше тешко да го прикажеме тоа во трката.

Имаше возбудливи моменти денес и морав да направам многу претекнувања. Кога имате свежи пневматици има голема предност и нашата стратегија се исплатеше на крајот – вели Окон.


Форс Индија го извади максимумот за нови поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>