Првиот човек на , Отмар , не гледа логика во бесмислениот протест кој го вложи против нив во Абу Даби.

Американската екипа тврди дека Форс Индија користи болид развиен од нивниот претходник Сахара Форс Индија и дека користи делови кои не смее да ги превзема од некој друг конструктор согласно листата на дозволни делови од ФИА. Стјуардите го отфрлија протестот на Хаас и дадоа дозвола Форс Индија да продолжи со вообичаено темпо престојниот викенд.

Шафнауер не гледа логика во тврдењето на Гунтер Стаинер, кој изјави дека сето тоа го прави за да донесе еднаквост помеѓу тимовите на гридот.

не разбирам како може да тврдат дека сакаат да донесат еднаквост помеѓу екипите со тврдење дека не сме конструктор, кога всушност сме. дизајнираме и произведуваме повеќе делови одошто повеќето тимови, можеви 100-тина повеќе делови од тоа што го прави хаас. иронијата и лицемерие е што протестираат против нас велејќи дека не сме конструктор, кога по дефиниција тие не се конструктор.

збунет сум како тоа сакаат да постигнат еднаквост велејќи дека не сме конструктор, а ние сме тоа во секоја смисла на зборот и многу повеќе од нив. протестот е поради тоа што не сме дизајнирале и произвеле делови, но не е така.

енди грин и аико хага и иан хол и ден карпентер, тие се момците кои дизајнираа се и погодете што, тие работат кај нас и за нас – објасни шафнауер.

Американецот откри дека кога новата екипа била создадена пред Белгиското Гранд При, им било дозволено да ја превземат целата технологија од оригиналната организација.

правилата велат дека одредени делови не може да се користат од два конкуренти во првенството, а тоа не е случај со нас. многу е едноставно, купувате дизајни и се што оди со нив од некој што повеќе не е учесник во формула 1, тоа е дозволено. тоа што не е дозволено е да се купи некој недозволен дел од некој кој е учесник во формула 1, се разбира доколку деловите не се на дозволената листа.

како што знам хаас купува многу делови од далара, не дизајнираат и не произведуваат сами, тоа е дозволено, а ние го правиме истото од сахара форс индија, која повеќе не се трка.

што е разлика помешу далаа и нив. далара не се констуктори и не се тркаат, исто и со сахара форс индија. доколку имаме 11 тимови и сахара форс индија и рејсинг поинт форс индија, и двете се тркаа со идентичен болид, тогаш ќе имаше прекршување на правилата.

токму тоа го кажав на сослушувањето и ми е чудно што зборуваат за некаква еднаквост со овој аргумент кој е чиста глупост. тоа нема никаква смисла – продолжи отмар.

Шафнауер посочи дека екипите менуваат сопственици, имиња на шасијата, но ја користат технонлогијата од претходникот.

кога рено го купи лотус, сигурен сум дека болидот со кој ја почнаа сезоната не беше целосно нов, тие користеа дизајни кои ги наследија од лотус. не ги редизајнирате педалите и управувањето секоја година. тоа е нормално и се случува секогаш, но овој пат се случи на средина на сезоната – заврши шафнауер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.