Форс Индија би се разделила од Окон

71

Оперативниот директор на Форс Индија, Отмар Шафнауер, вели дека екипата би ја земала во предвид разделбата со Естебан Окон, но само по вистинска цена.

Францускиот возач е поврзан со трансфер во Рено за 2019 година, доколку екипата не успее да го продолжи договорот со Карлос Саинз за уште една сезона.

Не сакаме да ги објавуваме деталите од договорите на нашите возачи, но можеме сигурно да кажеме дека би се разделиле со него. Доколку условите се фер да се случи тоа, ќе мора да ја разгледаме ситуацијата. Го сакаме Естебан и тој врши одлична работа за нас, но на крајот на денот, одлуката е наша. Доколку Рено се подготвени да исплатат висока сума, ќе размислам – вели Шафнауер.

Досега Окон е подржан од Мерцедес, така што трансфер во ривалот Рено ќе биде важен момент во неговата кариера. Дури и шефот на Мерцедес, Тото Волф, не е сигурен како ќе се одвиваат работите.

Не знаеме. Не сме во можност да коментираме. Ситуацијата е комплицирана – признава Волф.

Шафнауер вели дека тимот нема донесено конкретна одлука околу продолжувањето на договорот на Серхио Перез за уште една сезона.

Премногу е рано. Искрено, опциите се отворени. Според временската рамка, треба да започнеме да дискутираме со подржувачите и спонзорите околу нивните желби за наредната година. Тоа често се случува за време на Мексиканското Гранд При, така што премногу е рано за Чеко – додаде Отмар.

Иднината на целата екипа “виси во воздух“, со шпекулации дека постои потенцијален купувач за финансиски оштетената екипа. Од германските новини излегуваат вести дека канадскиот бизнисмен, Лоренс Строл, е потенцијален купувач. Тоа може да резултира со трансфер на неговиот син, Ленс Строл, од Вилијамс за едно од местата во Форс Индија.

Потребно е тркачко место за тоа да се случи. Доколку јас барав место, ќе ја земев Форс Индија во предвид поради нашите перформанси – заклучи Шафнауер.


Форс Индија би се разделила од Окон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>