ХААС

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Тимот на ХААС Ф1 имаше навистина импресивно деби во 2016 година во Формула 1 првенството и во процесот стана првиот американски Ф1 тим во последните 30 години. Основан од Џин Хаас, тимот е базиран во Канаполис, Северна Каролина, кадешто е лоцирана и неговата шампионска НАСКАР екипа, Стјуарт-Хаас Рејсинг. Екипата исто така има и седиште во Велика Британија, во поранешната фабрика на Марусија во Банбури. Болидите на ХААС се придвижувани од агрегат на Ферари преку долгорочен технички договор. Тие исто така ги користат услугите на Скудерија околу менувачката кутија и повеќе мали делови. Тимски шеф е поранешниот технички шеф на Ред Бул и Јагуар Ф1, Гунтер Стаинер.

2017

Тимски колега на Роман стана данецот Кевин , а Хаас докажа дека успехот во нивната прва година не се должи на среќа, освојувајќи 47 поени, 18 повеќе од 2016 година, со што и го задржа осмото место во поредокот.

2016

ХААС го започна своето учество во Формула 1 со искусен возен поредок составен од Роман Гросжан од Лотус и Естебан Гутиерез, возачот на Ферари. Сите коцки се споија за екипата, а Гросжан заврши на шестото и петтото место во првите две трки. Потоа успеа да стигне до поени во уште три настани, за да го обезбеди осмото место за екипата во генералниот пласман. Тоа воедно претставуваше и најдобро деби за нова екипа во овој век.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • Екипа: Хаас Ф1 Тим
  • База: Канаполис, Северна Каролина, САД
  • Прво Учество: 2016
  • Гранд При Победи: 0
  • Титули: 0
  • Пол Позиции: 0
  • Тимски Шеф: Гунтер Стаинер
  • Технички Шеф: Роб Тејлор

VF-18

Опишан како еволуција на нивниот втор болид, ВФ-17, кој ги доведе американците до осмата позиција во генералниот пласман минатата сезона, највпечатливите промени на ВФ-18 се додавањето на ХАЛО системот за заштита на кокпитот и отстранувањето на перките и Т-крилото, кои според новите правила повеќе не се легални.

ВФ-18, кој ги задржува сивата, црвената и црната боја од 2017 година, за првпат ќе биде на патеката во предсезонските тестови во Барселона и целта на американската екипа ќе биде сигурно учество без проблеми и собирање на значителни податоци пред првата трка за Голема Награда на Австралија.

#ХААС ВЕСТИ

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ...

РОМАН ГРОСЖАН

Дознај Повеќе

КЕВИН МАГНУСЕН

Дознај Повеќе

СЛЕДИ ГИ ХААС