СКУДЕРИЈА ФЕРАРИ

ЛОКАЦИЈА МАРАНЕЛО, ИТАЛИЈА
ТИМСКИ ШЕФ МАУРИЦИО АРИВАБЕНЕ
ТЕХНИЧКИ ШЕФ МАТИЈА БИНОТО
АГРЕГАТНА ЕДИНИЦА ФЕРАРИ
ПРВО УЧЕСТВО 1950
ШАМПИОНСКИ ТИТУЛИ 16
ПОБЕДИ 230
ПОЛ ПОЗИЦИИ 206
НАЈБРЗИ КРУГОВИ 243

За многумина, Ферари и Формула 1 тркањето се неодвоиви. Единствената екипа која се натпреварува во секоја сезона одкога започна првенството. Од скромниот сон на Енцо Ферари, Црното Коњче порасна во една од најлегендарните икони и препознатливи брендови во светот …

ПРОФИЛ

За многумина, Ферари и Формула 1 тркањето се неодвоиви. Единствената екипа која се натпреварува во секоја сезона одкога започна првенството. Од скромниот сон на Енцо Ферари, Црното Коњче порасна во една од најлегендарните икони и препознатливи брендови во светот. Успехот дојде накратко со Алберто Аскари и Џон Суртис, продолжи со Ники Лауда, а потоа и со Михаел Шумахер. Ферари во последниот период стигна до 5 последователни шампионски титули, обезбедувајќи го статусот на најуспешен и најнаграден тим во историјата на Формула 1.

2017

Иновативен болид го врати духот во тимот и на исто рамниште со светските шампиони, Мерцедес, барем во првата половина од сезоната. Но технички проблеми во вториот дел од сезоната ги уништија нивните шанси за борба за титула, за на крајот сезоната да ја завршат со вкупно 5 победи во однос на 12 од страна на Мерцедес.

2016

Ветувањата од претходната сезона набргу испарија, а тимот се најде во позиција да не може да се бори со Мерцедес или Ред Бул. Ветел и Раиконен завршија на подиумот во седум наврати, односно 4 за финецот. Лошата стратегија ги спречи да стигнат до победа во ретки моменти кога тоа беше возможно.

2015

Фернандо Алонсо го отстапи своето место на Себастијан Ветел, а новоструктурираниот тим стана единствениот ривал на владеечките шампиони, Мерцедес. Благодарејќи на Ветел, тие ја постигнаа својата цел од 3 победи, додека Кими Раиконен наиде на проблеми при одржување на темпото на својот тимски колега.

FERRARI SF71-H

СФ71-Х е надополнување на силната основа од минатата сезона која стигна до неколку победи, но со неколку значителни разлики. Најголемата визуелна промена се гледа во враќањето на традиционално целосен црвен болид, а ХАЛО системот е исто така во истата нијанса.

Гледајќи од поблиску, постојат огромни промени на шасијата. Болидот има подолго оскино растојание од својот претходник, како и поагресивен дизајн на страничните отвори, целосно нов систем за ладење и подобрена аеродинамика.

Суспензијата ја следи проверената пракса на Ферари за користење на push-rod суспензија на предниот дел и pull-rod на задниот, но сепак тимот вели дека нивниот дизајн е подобрен како резултат на претходното искуство од користење на пошироките пневматици на Пирели.

  • МЕРЦЕДЕС АМГ ПЕТРОНАС
    БРЕКЛИ, В. БРИТАНИЈА
  • СКУДЕРИЈА ФЕРАРИ
    МАРАНЕЛО, ИТАЛИЈА
  • РЕД БУЛ РЕЈСИНГ
    МИЛТОН КИНС, В. БРИТАНИЈА
  • ФОРС ИНДИЈА
    СИЛВЕРСТОН, В. БРИТАНИЈА
  • ВИЛИЈАМС МАРТИНИ РЕЈСИНГ
    ГРОУВ, В. БРИТАНИЈА
  • МЕКЛАРЕН
    ВОКИНГ, В. БРИТАНИЈА
  • СКУДЕРИЈА ТОРО РОСО
    ФАЕНЗА, ИТАЛИЈА
  • ХААС Ф1
    КАНАПОЛИС, С. КАРОЛИНА, САД
  • РЕНО СПОРТ Ф1
    ЕНСТОУН, В. БРИТАНИЈА
  • ЗАУБЕР
    ХИНВИЛ, ШВАЈЦАРИЈА