СКУДЕРИЈА ТОРО РОСО

ЛОКАЦИЈА ФАЕНЦА, ИТАЛИЈА
ТИМСКИ ШЕФ ФРАНЦ ТОСТ
ТЕХНИЧКИ ШЕФ ЏЕЈМС КЕЈ
АГРЕГАТНА ЕДИНИЦА ХОНДА
ПРВО УЧЕСТВО 1985
ШАМПИОНСКИ ТИТУЛИ 0
ПОБЕДИ 1
ПОЛ ПОЗИЦИИ 1
НАЈБРЗИ КРУГОВИ 1

Формирана од остатоците од тимот на Минарди, Торо Росо започна во спортот во 2006 година како екипа во која ќе се докажуваат младите таленти на Ред Бул. Себастијан Ветел го истакна тимот на ново ниво, испорачувајќи ја нивната единствена победа, пред да се приклучи …

ПРОФИЛ

Формирана од остатоците од тимот на Минарди, Торо Росо започна во спортот во 2006 година како екипа во која ќе се докажуваат младите таленти на Ред Бул. Себастијан Ветел го истакна тимот на ново ниво, испорачувајќи ја нивната единствена победа, пред да се приклучи во екипата на Ред Бул Рејсинг. Денес суштината на екипата е непроменета во однос на нови таленти, но тие повеќе не се само Б-екипа на Ред Бул, туку самостоен контруктор.

2017

Уште една сезона, уште еден пласман на седмото место во поредокот, иако преминаа на агрегат на Рено. Сезоната ја започнаа со еден возачки тандем, составен од Карлос Саинз, кој потоа премина во Рено како дел од договорот со Хонда за 2018 година и Даниил Квјат, кој беше отпуштен по екстремно променливата форма, за на крајот сезоната да ја завршат со Брендон Хартли и Пјер Гасли.

2016

Останаа регуларни конкуренти, иако користеа агрегат на Ферари со спецификација од 2015 година. Кампањата накратко им беше прекината, откако Макс Верстапен беше превзеден од Ред Бул како замена за Даниил Квјат, но успеаја да завршат на седмото место во пласманот, со четири пласмани на шестото место.

2015

Иако ги имаа најмладите во Ф1 историјата, јуниорскиот тим на Ред Бул импресионираше преку Верстапен и Саинз. Сепак, проблеми со издржливоста на агрегатот на Реноги оневозможи да се искачат погоре од седмото место во поредокот.

TORO ROSSO STR13

Откако излегоа слики од болидот за време на пробата во Мисано, како што претходно и најавија, Торо Росо го претстави својот нов болид официјално пред првиот тест ден во Барселона. СТР13 е првиот болид од Фаенца кој ќе биде придвижуван од мотор на Хонда.

Најголема новина кај италијанците е моторот, додека бојата на шасијата е речиси идентична како и лани. Што се однесува до возачите, Хартли и Гасли, кои ја завршија минатата сезона, ќе возат и оваа.

Тимот заврши на 7мо место лани и тој пласман го има веќе 4 години по ред, но годинава ќе има статус на фабричка екипа на Хонда. Со тоа, ова е 3ти различен мотор кој ќе го користат во Фаенца во последните 3 години, откако пред Рено, користеа и стар мотор на Ферари.

  • МЕРЦЕДЕС АМГ ПЕТРОНАС
    БРЕКЛИ, В. БРИТАНИЈА
  • СКУДЕРИЈА ФЕРАРИ
    МАРАНЕЛО, ИТАЛИЈА
  • РЕД БУЛ РЕЈСИНГ
    МИЛТОН КИНС, В. БРИТАНИЈА
  • ФОРС ИНДИЈА
    СИЛВЕРСТОН, В. БРИТАНИЈА
  • ВИЛИЈАМС МАРТИНИ РЕЈСИНГ
    ГРОУВ, В. БРИТАНИЈА
  • МЕКЛАРЕН
    ВОКИНГ, В. БРИТАНИЈА
  • СКУДЕРИЈА ТОРО РОСО
    ФАЕНЗА, ИТАЛИЈА
  • ХААС Ф1
    КАНАПОЛИС, С. КАРОЛИНА, САД
  • РЕНО СПОРТ Ф1
    ЕНСТОУН, В. БРИТАНИЈА
  • ЗАУБЕР
    ХИНВИЛ, ШВАЈЦАРИЈА